Овој основен проект опфаќа изградба на 35 kV кабелски електроенергетски вод за поврзување на две трансформаторски станици (ТС) 35/10 kV со ТС 110/35/10 kV со цел непрекинато напојување на дел од подрачјата на Општина Битола, кои се напојуваат од двете гореспоменати транфсорматорски станици.
Редуцирање на загубите, задржување на напонска стабилност, а крајна цел на проектот е да се обезбеди сигурна и стабилна дистрибуција на електрична енергија на крајните потрошувачи, како и да се зголеми капацитетот за распределба на електрична енергија во регионот.